Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачи внимавајте, има забрани на повеќе патни правци

Возачи внимавајте, има забрани на повеќе патни правци

Забрана за движење на тешки товарни возила има на повеќе патни правци поради врнежите од снег кои ја зафатија Македонија. 

На патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на пратниот правец Кичево – Пресека- Охрид, воведена е забрана за собраќај на тешки товарни возила.

Забраната важи и за движење на тешки товарни возила, камиони и автобуси на патниот правец Р 1209 Тетово-Попова Шапка, понатаму, патен правец крак Маврово- Жировница, како и на планинскиот премин Ѓавато и магистралниот пат А2 Струга – г.п Ќафасан.

За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Во делови од Македонија има дебела обвивка од снег. 

Слично

Поврзани вести