Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Еве каква е состојбата на патиштата

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Еве каква е состојбата на патиштата

Авто мото сојузот на Макеоднија, ги информира возачите дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Додека, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Слично

Поврзани вести