Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Еве каква е состојбата на патиштата

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Еве каква е состојбата на патиштата

Од авто мото сојузот на Македонија ги информират возачите дека од денес поради изведување на геодетско снимање и геомеханички истражни работи, магистралниот пат А2, делница Струмица-Дабиле ќе има промена на режиот на сообраќај од 05:00 до 12:00 часот. Изменетиот сообраќаен режим ќе биде во времетраење од 5 работни дена. 

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. 

Слично

Поврзани вести