Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО: Ова е моменталната состојбата на патиштата

ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО: Ова е моменталната состојбата на патиштата

Авто мото сојузот на Македонија ги информира возачите дека во 04:45 часот сообраќајот на патниот правец Струмица-с.Василево е нормализиран. А на останатите државни патишта сообраќајот се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На Граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекањето за излез од државата е од 45 минути до 1 час, додека на Граничниот премин Дојран од 15 до 30 минути. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, пишува на сајтот на АМСМ.

Исто така, ги потсетуваме возачите дека за време на викенд е забрането движење на тешки товарни возила  на државните патишта, како и патниот правец Скопје-Охрид.

Доколку патувате денес и поминете некоја патарина, ве информираме дека е отпочната и електронската наплатата на патарини.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.


Слично

Поврзани вести