Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО: Ќе се вози по лева лента со 40 км на час

ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО: Ќе се вози по лева лента со 40 км на час

Ќе се изведуваат работни активности на влезот од тунелите  Демир Капија (тунел 1)  и Јаворица (тунел 2)  на автопатот „Пријателство“ на  делницата  Демир Капија  -    Смоквица денеска од 9 и 30 часот, соопшти ЈП Македонија пат.

Поради овие  причини  сообраќајот  пред тунелите  ќе се одвива  под посебни услови по левата  коловозна лента со намалена брзина од 40 km/h.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

Слично

Поврзани вести