Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧИ БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ - посебен режим на сообраќај денеска во главниот град, еве кои улици ќе бидат затворени

ВОЗАЧИ БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ - посебен режим на сообраќај денеска во главниот град, еве кои улици ќе бидат затворени

Поради одржување на настан во централото градско подрачје во главниот град денеска ќе има посебен режим на сообраќај во попладневните часови. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од 18 часот денеска ќе има посебни насоки за движењето низ градските улици. 
- На 20.06.2026 (сабота) поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, лево продолжува по улицата „Димитрие Чуповски“ и завршува парк Жена Борец на улицата „11-ти Октомври“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај - се посочува во нивната објава. 


 


Слично

Поврзани вести