Возач со „пежо“ удрил во мотоциклист, го влечел неколку метри и избегал
На 23 јуни 2026 година, во 18.20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Рилски Конгрес“ во Скопје се случил сериозен сообраќаен инцидент по претходно недоразбирање во сообраќајот.
Според пријавеното, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н. 29 од скопско, по што мотоциклистот паднал.
Откако Г.Н. се подигнал, возачот на „пежото“, според пријавеното, повторно го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О. 44.
Потоа, Г.Н. се фатил за предната врата на „пежото“, но возилото продолжило да се движи и го влечело неколку метри. По тоа, мотоциклистот паднал, а возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Г.Н. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
