Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возач на мотоцикл загина кај Удово

Возач на мотоцикл загина кај Удово

Вчера, околу 13.30 часот, на автопатот Скопје-Гевгелија, кај с.Удово, мотоцикл „Хонда CVR 1000“ без регистарски ознаки, управуван од Т.П. (40) од Кавадарци, удрил во задниот дел од патничко возило „Голф 4“ со бугарски национални и регистарски ознаки, управувано од А.Д.П. (20).

По несреќата возачот на мотоциклот бил однесен во болница, каде што му била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.


Слично

Поврзани вести