Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возач на камион загина на патот Велес-Градско

Возач на камион загина на патот Велес-Градско

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на регионалниот пат Велес - Градско, кога два камиони се судриле при што еден возач загина, а другиот е повреден. 

Во 13.25 часот во близина на местот викано „Венуле“, се случила сообраќајна незгода помеѓу камион „Сканија“ со штипски регистарски ознаки и приклучно „Коегел“, управувано од Д.П.(26) од Штип и камион „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ц.(57) од Пробиштип.

Од здобиените повреди на лице место починал В.Ц. од Пробиштип. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

На Д.П. му била укажана лекарска помош во болницата во Велес,  каде му се констатирани тешки повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица Кавадарци.

Сообраќајот бил во прекин до 16.45 часот. 


Слично

Поврзани вести