Возач на ЈСП заврши на „Токсикологија“, откако му се запали автобусот
Возач на ЈСП-Скопје заврши на Клиниката за токсикологија, откако денеска се запалил автобусот кој што го управувал.
- Утрово (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот.
Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош, известија од МВР и додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
