Возач на автобус нагло закочил, патничка паднала и скршила рака
Вчера во 18,50 часот на улицата „101“ во село Волково, С.С.(41) од Скопје управувајќи автобус „Ман“ со скопски регистарски таблици, при разминување со друго возило ја намалил брзината на движење при што на подот паднала патничката К.Н.(55) од Скопје.
Од падот К.Н. се здобила со тешки телесни повреди (скршеница на десна рака во пределот на зглобот) и со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.
Слично
