Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЗАЧ ФАТЕН СО НЕВЕРОЈАТНИ 4,35 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА: млад жител од беровско возел „мортус“ пијан

ВОЗАЧ ФАТЕН СО НЕВЕРОЈАТНИ 4,35 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА: млад жител од беровско возел „мортус“ пијан

Жител од село Митрашинци, беровско е уапсен во Кочани бидејќи возел со рекордни 4,35 промили алкохол во крвта, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

- На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта - се посочува во објавата на МВР. 

Потоа додаваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.


Согласно законите и препораките за возење автомобил, не е дозволено над 0,5 промили алкохол во крвта бидејќи првите пречки при управување на возилото се јавуваат на 0,8 промили алкохол.

Лекарските и медицински факти околу присуството на алкохол во крвта велат дека со 2,5 промили алкохол во крвта веќе се јавуваат сериозни пречки на сите ментални и физички функции. Се зголемува и ризикот од задушување при повраќање, како и од повреди при паѓање или друг вид на несреќа.

Со 3 промили во крвта можно е да дојде до ненадејно губење на свеста и тешко будење и освестување од таквата состојба.

3,5 промили веќе претставуваат сериозен проблем и може да доведат до појава на кома. Ова количество алкохол по својата јачина е еднакво како и јачината на една анестезија при хируршка интервенција.

Четири и повеќе промили алкохол предизвикуваат состојба на кома, а многу веројатно и смрт пред се заради престанок на дишење, многу нискиот крвен притисок и задушување при повраќање.

Дополнително со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, казните се разликуваат зависно од количината на алкохол во крвта:

- До 0,50 промили (за оние со нулта толеранција) следуваат високи парични казни и забрана за возење.

- Од 0,51 до 1,00 промил: Казна од 225 евра (во денарска противвредност) и 40 негативни поени.

- Од 1,01 до 1,50 промил: Казна од 275 евра и 50 негативни поени.

- Над 1,50 промили: Казна од 375 евра и 60 негативни поени, како и задолжително задржување во полициска станица до трезнење.

За сите прекршоци над дозволената граница се доделува и привремена забрана за управување со моторно возило во траење од 3 до 12 месеци.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести