Воз удри во автомобил во Велес
Во велешката полиција вчера било пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин на Регионален пат Велес - Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23 годишниот Ѓ.О. од Чашка и патнички воз на македонски железници.
Патниот сообраќај за време на вршење на увидот се одвивал наизменично во двата правци, а железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 09.34 до 10.45 часот.
Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес, утрово за МИА потврди дека во несреќата нема повредени лица, а по овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Слично
