Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воз излета од шините кај Велес

Воз излета од шините кај Велес

Воз удрил во одрони од карпа на пругата и излетал од шините, попладнево во 17,10 часот, по Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес-Скопје. 

Ова го потврдија од СВР Велес. Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, локомотивата на товарниот воз излетала од шините и при тоа се оштетени два столба и електрична сигнализација, а во несреќата машиновозачот, не се здобил со повреди.

Железничкиот сообраќај  е во прекин, затоа што вработени од Македонски Железници ги отсрануваат одроните карпи од пругата. 

Слично

Поврзани вести