Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воз и автобус се судрија на патот Штип-Велес: Над 30 повредени!

Воз и автобус се судрија на патот Штип-Велес: Над 30 повредени!
Триесет и шест лица се повредени во несреќата која се случи при судар на автобус и воз во близина на бензинската пумпа Мики петрол, на патот Штип-Велес. Според првичните информации, три лица се потешко повредени и пратени на клиниките во Скопје, додека останатите се хоспитализирани во болниците во Велес и во Штип. Меѓу повредените има и една бремена жена, која е во добра состојба. Според првиот човек на „МЖ Транспорт“ Оливер Деркоски, сигнализацијата на пругата на местото каде што се случи несреќата била исправна. Увидот е во тек, но според првичните претпоставки автобусот се обидел да ја заобиколи спуштената рампа на пругата. Фото: А1он
Слично

Поврзани вести