Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОВЕДЕН „ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ“ НА КЛИНИЧКИ - големи гужви пред паркингот на „Мајка Тереза“

ВОВЕДЕН „ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ“ НА КЛИНИЧКИ - големи гужви пред паркингот на „Мајка Тереза“

Граѓаните кои деновиве морале да појдат во некоја од скопските клиники „Мајка Тереза“, за одредена здравствена услуга, биле принудени и по близу еден час, а некои и по повеќе, да чекаат за да го платат паркингот.

Денеска таква фотографија на фејсбук објави поранешниот новинар, а сега член на Антикорупциската комисија, Горан Трпеноски.

Тој има и една прилично комична забелешка на објавената фотографија - „Воведен едношалтерски систем на Клинички“.

Некои граѓани коментираат дека чекале и по 45 минути, а некои и повеќе, а има и коментари од типот зошто во близина на Клинички центар не се изградат катни гаражи, како би се решил проблемот со паркирањето во најголемата јавна здравствена установа во земјава. 

фото: Фејсбук Горан Трпеноски

Слично

Поврзани вести