Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воведен е полициски час во неколку струшки села

Воведен е полициски час во неколку струшки села

Полициски час е воведен во пет струшки села, затоа што не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. 

Лабуништа, Подгoрци, Боровец, Октиси и Јабланица од синоќа се под посебни мерки, односно полицијата ќе врши зачестено легитимирање, затоа што мештаните не ги почитувале препораките за самоизолација.

Поради добиени сознанија за непочитување на препораките за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високоризичните земји, месните заедници на пет струшки села на зеднички состанок, со претставници на МВР од овој регион, решиле да се преземат посебни мерки.

„Доколку се констатира дека лицата не се придржувале до препораките, може да се соочат со кривична одговорност, односно со затворска казна до една година“, се вели во заклучоците.

Месните заедници на петте струшки села бараат разбирање од населението и укажуваат дека мерките кои ќе се преземат се со цел да се превенира ширење на вирусот КОВИД 19.

Во земјава има 18 заразени, а вчера се откриени 6 нови случаи. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести