Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воспоставена современа гравиметриска мрежа на територијата на Македонија

Воспоставена современа гравиметриска мрежа на територијата на Македонија

Современа гравиметриска мрежа за прв пат воспостави Република Македонија на целата нејзина територија по европски стандарди која ќе служи како основа за спроведување на сите видови гравиметриски премерувања.

Ова денеска на прес-конференција го кажа директорот на Агенцијата за катастар и недвижности (АКН) Славче Трпевски, кој истакна дека за реализација на овој проект агенцијата издвила 52.000 евра и во иднина најголема корист ќе има македонската економија.

- Резултатите покажуваат дека Македонија преку овој проект доби гравиметриска мрежа одредена со најголема точност во целиот регион и пошироко. Податоците од овие мерења самите или во комбинација со други податоци можат да се користат при истражување на рудни богатства, истражување на природен гас и нафта, за истражување на распоредот и густината на земјините маси, за откривање на подземни шуплини, пештери, за лоцирање на подземни води, за следење на промените на земјините маси при потреси и проектирање и изведба на патна и железничка инфраструктура, поголеми тунели, мостови, брани..., рече Трпевски.

Основната гравиметриска мрежа во Македонија ја сочинуваат три апсолутни гравиметриски точки во Скопје, Охрид и Валандово и 25 релативни гравиметриски точки распространети на целата територија на државата на растојание од 30 до 40 километри.

Мерењара се извршени за 23 дена во периодот од септември до октомви, при што еден гравометриски ден во просек траел 16 часа, а се поминати 15.600 километри односно 700 дневно. Тие се извршени со прецизни релативни гравиметри „Sintrex CG5“ и „CG3“ од канадско производство, специјално изнајмени од изведувачот на работите.

Од Агенцијата најавија дека следува детален гравиметриски премер на целата територија на Република Македонија што е планирано да се реализира во 2014 година за што се обезбедени средства во износ од 300.000 евра.

Последните гравиметриски мераења во Македонија се вршени во седумдесеттите години од минатиот век од страна на тогашната Федерална геодетска управа на СФРЈ, но резултатите од тие мерења никогаш не и се ставени на располагање на Македонија.

Слично

Поврзани вести