ВООБИЧАЕНО: Првите симптоми се развиваат два до три дена по инкубацијата, но колку е сериозна болеста е појасно меѓу петтиот и десетиот ден
За граѓаните што заболуваат од коронавируст, некои експерти велат дека почетните денови на зараза можат да бидат збунувачки особено затоа што некои заразени имаат само благи симптоми, а кај некои воопшто не се манифестираат никакви симптоми. Сепак, само помеѓу петтиот и десеттиот ден од инфекцијата може да се утврди вистинската сериозност на болеста. Според експертите, токму во тој период може да се утврди дали пациентот ќе доживее некои компликации како резултат на коронавирусот. Кога ќе се детектира Ковид-19 кај некоја личност, една од првите работи што треба да се направат е да се бараат симптоми и бројот на денови кога лицето имало симптоми.
Се претпоставува дека повеќето луѓе почнуваат да развиваат симптоми 2-3 дена откако вирусот ќе се инкубира во телото. Првата фаза е обично вирусна реакција, а во втората фаза имунолошкиот систем започнува акција. Иако имунолошкиот систем произведува антитела, може да дојде до прекумерна стимулација на организмот и влошување на состојбата кај пациентот, а тоа обично се случува околу шестиот или седмиот ден од инфекцијата. Тоа е времето кога започнува вистинската битка против коронавирусот кај многу луѓе. Во период помеѓу петтиот и десеттиот ден, може да дојде до „втор бран“ на симптоми кои можат да биде посериозни.
