ВОНРЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Попладнево промени на времето
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат високи до максимални 37 степени.
Дожд и посвежо време се очекува и утре, а во понеделник и вторник повторно се очекува сончево време со пеколни температури до 39 степени.
Слично
