Вонредно предупредување од УХМР: Колку дожд ќе има и од кога
Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник (08.април на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 25 литри на метар квадратен, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
„Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, како и со пораст на дневната температура, стои во предупредувањето.
Инаку денеска времето ќе биде претежно облачно, во јужните делови со локални врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Слично
