ВОНРЕДНО МЕТЕО: ОБИЛНИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ПРОДОЛЖУВААТ И ВЕЧЕРВА! - Се огласи Славчо Поповски, најави значително заладување
Попладнево преку својот Фејсбук профил се огласи метеопрогнозерот Славчо Поповски кој укажа дека се очекува снегот да продолжи да паѓа во нашата земја и во текот на ноќта.
- Вечерва врнежите од снег кои ја зафатија нашата држава ќе продолжат и ќе се интензивираат насекаде. Насекаде се очекува формирање на снежна покривка, на пониските места таа понекаде ќе достигне и до 20 сантиметри, понекаде дури и повеќе, а на Скијачките центри и на другите планини и до половина метар и ќе биде идеално за скијање.
Во втората половина од ноќта врнежите ќе се преместуваат кон исток, но ќе дува силен северен ветер, локално и повремено со брзина од дури 90 км/час, со што се можни дури и штети поради очекуваниот силен северен ветер.
Во понеделник наутро многу студено, понекаде температурите ќе се спуштат дури и под - 10 степени, со што ќе има појава на силен мраз.
