Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е откажан
Откажан e вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
Иницијативниот одбор објави дека поради влошената епидемиолошка состојба и поради доцнењето со техничките подготовки, Конгресот најавен за 28-ми март – нема да се одржи. Овој вонреден конгрес го најавија поранешни функционери од ВМРО ДПМНЕ, незадоволни од лидерот Христијан Мицкоски. Централниот комитет на партијата ја отфрли оваа иницијатива и закажа редовен конгрес со нови делегати во ноември. Новиот термин засега не е утврден. Последните два дена има над 1.200 заразени со коронавирусот во Македонија.
Слично
