ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Врнежи, грмежи и град
Работната недела ја започнуваме со дожд. Според метеоролозите во текот на цела седмица не очекува облачно време со врнежи од дожд, кој на некои места во земјава ќе достигнат и до 50 литри на метар квадратен .
За првиот ден од неделата според синоптичарите ќе имаме облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, на места низ земјава врнежите ќе бидат пообилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.
Утринските температури на воздухот ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени.
И во текот на наредните денови од работната недела според управата за хидрометеоролошки работи не очекува слично време, односно облачно и нестабилно време со врнежи, а наместа и во форма на невреме со засилен ветер и грмежи.
