Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено со врнежи од дожд и снег, од среда температури и до 20 степени

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено со врнежи од дожд и снег, од среда температури и до 20 степени

Денеска и утре во земјава ќе преовладува многу студено време. Ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Долж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Утре претпладне ќе биде променливо облачно, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Затоплување не очекува од среда, кога температурите ќе се искачуваат и до 20 степени.


Слично

Поврзани вести