Вонредна седница на Советот на општина Куманово по несреќата во Романовце
Советот на општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница, околу вчерашниот трагичен настан во селото Романовце, информираа од општина Куманово. Седницата е закажана за во 13.00 часот.
Како што веќе пишувавме, вчера, на клиникатa во Скопје почина и четвртата жртва, односно 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба по експлозијата на плинска боца во семејна куќа во Романовце.
Уште тројца имаат сериозни повреди и се борат за живот на скопските клиники.
Во семејната куќа во Романовце, од пожарот од експлозијата на плинската боца починаа три деца
на возраст од осум, девет и единаесет години, седум лица беа повредени и префрлени на лекување
на скопските клиники.
Слично
