Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вонредна прогноза: Студ и снег - еве каде ќе вее

Вонредна прогноза: Студ и снег - еве каде ќе вее

Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови, соопштуваат од УХМР.

Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови каде локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. 

„До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 сантиметри ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу 5 сантиметри ќе се формира и во Скопската Котлина, стои во актуелното предупредување.

Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец - локално и над 60 километри на час.

Слично

Поврзани вести