Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Со дождот доаѓа и ветер

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Со дождот доаѓа и ветер

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, особено во северните и северозападните делови, Таму, соопштува УХМР се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер.

Во предупредувањето стои дека врнежите ќе бидат проследени со засилен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и утре.

Инаку според УХМР, најмногу дожд наврнало во Охрид и Дебар, а снежна покривка има на Попова Шапка.

Според информациите на УХМР во Охрид се наврнати 26 л/м2, 22 во Дебар, 19 Претор и Пожаране, 18 Берово, 17 Битола и Крушево, 14 Прилеп, 12 Струмица и Дојран, 11 Демир Капија, девет Тетово, осум Крива Паланка и Штип, шест Скопје-Зајчев Рид, четири Куманово и два Скопје-Петровец.

На Попова Шапка висината на снежната покривка утрово изнесува 46 сантиметри.


Слично

Поврзани вести