Вонредна прогноза: Попладнево силен ветер, дожд и грмежи
Попладнево ќе почне да се зголемува облачноста па времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец кој може да достигне и до над 60 кмилометри на час, особено на повисоките места и во западните делови, објави УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Во Скопје времето попладне ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.
Слично
