Дојде ледениот бран: Предупредување за срцевите болни
Денес, преку ноќта и во текот на утрешниот ден ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.
Во југозападните делови снежната покривка во пониските места понекаде ќе надмине и 20 сантиметри снег. Ќе има и појава на голомразица. Утринските температурите ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени.
Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.
Докторите велат дека ненадејните промени на температурата влијаат на здравјето на луѓето во секоја смисла.
-Големата температурна разлика предизвикува поблеми кај пациентите со срцеви заболувања, но и психички пациенти. Сепак, ледениот бран има една добра страна
Овие 15 ледени денови се исто така одличен филтер за бактерии и вируси. Ова е здраво, бидејќи ако не ги имавме, многу инфекции би се развиле на пролет.
