Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Дожд, грмежи и ветер - доаѓа невреме

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Дожд, грмежи и ветер - доаѓа невреме

Денес ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме, соопштуваат од Управата за хидрометоролошки работи. 

Слично време се најавува и за утре за кога с еочекува претежно облачно и посвежо со умерен ветер од југозападен правец. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови.

Балканот е под силно влијание на влажен бран кој се движи и кон Македонија, па од утре се очекува голема временска промена, дождови и намалување на температурите.

Големо невреме со поројни дождови и силен ветер викендот што помина ги погоди прво Хрватска, па Црна Гора.


Слично

Поврзани вести