ВОНРЕДНА НАЈАВА: МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ГОЛЕМА СУША, СО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ, предупредува метеорологот Славчо Поповски
Македонија ќе ја зафати екстремно топол бран, кој ќе донесе изразито високи температури и висок УВ индекс, кој ќе достигне 10. Ова со најавува метеорологот Славчо Поповски.
- Според последните анализи кој ние ги направивме, податоците укажуваат на тоа дека ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој го најавивме за од четврток па натаму и тоа како ќе ја зафати нашата држава, и ќе услови ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот, но и ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ – индекс со коефициент 10 - пишува Поповски.
Тој воедно укажува дека температурите од четврток па натаму насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, а во одредени локации дури и ќе надминуваат 40 степени.
- Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Се на се, пред нас е ГОЛЕМА СУША па затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари, и секако избегнувајте движење во шума - препорачува Поповски.
