Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вонредна инспекција во Охрид и Струга, уништени 8,7 тони небезбедна храна

Вонредна инспекција во Охрид и Струга, уништени 8,7 тони небезбедна храна

Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство деновиве ги чешлале крајезерските градови Охрид и Струга - конкретно кебапчилници, месарници, ресторани и слаткарници, а епилогот е 8,7 тони откриена храна без безбедносна декларација.

Маркет во Струга е казнет со 1.400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна од 15 килограми од гостилница во Охрид на која и било препишана санкција од 500 евра. Казнета е и месарница со 500 евра во Струга.

Новиот директор на АХВ, Оливер Миланов, вели дека станува збор за дури 120 вонредни инспекциски надзори.

- Во Струга и во Охрид во тридневна акција откривме 8,7 тони небезбедна храна. Тоа беше акција предводена лично од мене. Станува збор за недекларирана храна која беше нештетно уништена. Немаше санитетни документи, увозни декларации, а ниту операторите беа регистрирани, рече Миланов.

Вработените немале санитарни книшки, а сомнителни биле и хигиенските услови. 


Слично

Поврзани вести