Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вонредна инспекција на новогодишни пакетчиња, не можел да се види рокот на траење на производите

Вонредна инспекција на новогодишни пакетчиња, не можел да се види рокот на траење на производите

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња, при што е констатирано дека кај голем дел од нив не биле означени роковите на употреба на производите.

„Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет“, извести АХВ.

Од преглед на содржината на 62 новогодишни пакетчиња, кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година. 

„Констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење. На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување. За констатираните неправилности, издадени се решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави“, информира Агенцијата.

Слично

Поврзани вести