Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вонредна дезинфекција на социјалните згради и катните гаражи

Вонредна дезинфекција на социјалните згради и катните гаражи

Темелна, вонредна дезинфекција на 20 социјални згради лоцирани низ целата територија на државата, 4 катни гаражи со кои стопанисува, како и 11 подружници почна да спроведува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор. 

-Акцијата е во согласност со препораките на Владата за

заштита и превентива од вирусот КОВИД-19.Станува збор за третман со кој

се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од

површините, велат од АДСДП


Средството кое што се употребува е еколошко, односно

покрај својата голема ефикасност е и потполно безбедно за околината.Во

насока на грижата за здравјето на станарите, АДСДП на социјалните згради

истакна известување со препораки како да се постапува во случај на

епидемија. 

- Акцијата на спроведување дезинфекција ќе се спроведува и во

наредниот период, секако во зависност од потребите и во согласност со

препораките на Владата, се наведува во нивното соопштение .


Слично

Поврзани вести