Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вонредна авионска дезинсекција во поплавените подрачја

Вонредна авионска дезинсекција во поплавените подрачја

Вонредна авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци во раните утрински часови се врши  во Бутел, Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и другите населени места кои се поплавени, информираат од Град Скопје.

Екипите на Град Скопје и на јавните градски и државни претпријатија, АРМ и голем број волонтери работат на расчистување на сите населени места кои беа погодени од големото невреме во саботата. На терен се работи постојано со механизација која во најголем дел е од јавните и државни претпријатија, а голем дел е помош од другите општини во Македонија, земјите од соседството, како и механизација од домашни компании. Улиците во погодените места во скопско веќе се проодни.

Од Народна Република Кина вчера стигна помош која се состои од голем број ќебиња и душеци, а пристигнале и екипи и возила за спасување од Истанбул.

Во изминатите денови по поплавите, за загрозените донираа земјите од соседството, пријателските земји, Обединета Македонска Дијаспора и други.

Слично

Поврзани вести