ВОНРЕДЕН СЕРВИС НА ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО: Не се знае до кога ќе трае сервисирањето
Поради вонреден сервис, жичницата на Водно нема да работи, информираа од ЈСП.
Оттаму велат дека ќе информираат кога ќе продолжи да работи жичницата.
„Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека, жичницата на Водно нема да биде во функција поради вонреден сервис.
Ќе информираме навремено кога жичницата ќе продолжи да работи со вообичаеното работно време.
Ви благодариме на разбирањето“, информираа од претпријатието.
Слично
