Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ОУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“: Се чекаат резултатите од испитувања, во болница завршија уште три деца

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ОУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“: Се чекаат резултатите од испитувања, во болница завршија уште три деца

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште “Димо Хаџи Димов” во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна, информираа од АХВ.

„Во рамки на превентивните вонредните контроли во овие училишта, каде нема деца кои појавиле симптоми  на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабараториско тестирање.

АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини во рамки на вчерашната вонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат и Ценатрот и Институтот за јавно здравје“, велат оттаму.

___________________________________________________________________________

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примивме синоќа на Клиниката за детски болести. Вкупно пет имаме на болничко лекување, информира денеска директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди.

Тој посочи дека сите се со слична клиничка слика и симптоми сомнителни на алиментарна токсоинфекција - со стомачна болка, повраќање, кај некои од нив и дијареја и зголемена температура.

- Сите деца добиле соодветен медицински третман и потребна грижа. Тие се во значително подобрена здравствена состојба. Сите се стабилни, посочи доктор Мемеди. 

Појасни дека има уште неколку деца со поблаги симптоми кои вчера биле на преглед на Клиниката, кои добиле само амбулантски третман, пуштени се дома и денеска биле на контрола.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. Вчера до здравствентие власти имаше пријави за влошена здравствена состојба со стомачни тегоби кај девет деца, иако од настава отсуствувале 80-тина деца.



Слично

Поврзани вести