Економија, финансии, бизнис

Контакт

Волци во Средно Нерези задавиле животни

Волци во Средно Нерези задавиле животни

Волци синоќа влегле во дворови на куќите во населбата Средно Нерези во Скопје и задавиле едно  куче, а во соседниот двор изеле една коза.

Ова денеска го соопштија од општина Карпош, од каде ги предупредуваат граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно.

Ова не е прв пат во општина Карпош  од планината Водно да се спуштаат волци и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите.

Случајот во полиција денеска го пријавил жител на Горно Нерези, чии  животни се задавени од волците.

Слично

Поврзани вести