„Волстрит журнал“ пишува за спорот со името - наведува и предлози
„Волстрит журнал“ денеска пишува дека малата балканска нација е на пат да стане членка на двата најмоќни западни сојузи, но најпрво мора да го реши спорот со Грција за името.
Според весникот расправиите за значењето на два и пол милениумската историја се блузи до решение, во одредена мера и поради денешните предизвици кои доаѓаат од Русија.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев, пишува „Волстрит журнал“, по средбата во Давос најавија мерки за градење доверба.
Двете страни изразија оптимизам за постигнување компромис за името пред следниот Самит на НАТО, кој е закажан за 11 јули, потсетува „Волстрит журнал“.
Весникот потсетува дека Македонија произлегла од поранешна Југославија и по стекнувањето на независноста и прифаќањето на сегашното име почнува спорот со соседна Грција, во која се наоѓа регионот Македонија, кој името го добил по античкото кралство на Александар Велики.
Како можни солуции за името ги наведува Нова Македонија, Горна Македонија или Северна Македонија, пренесува МИА.
