ВОЛСТРИТ ПАК СЕ ТРЕСЕ: Индексите повторно потонаа, Дау Џонс шири страв
После краткотрајното опоравување клучните индекси на американскиот Волстрит повторно потонаа.
Индустрискиот индекс Дау Џонс изгуби 1 032 поени или 4,2 посто спуштајќи се на 23 860 поени, што е околу 10 посто пониско од рекордот постигнат пред неколку недели.
До новиот пад дошло поради зголемена загриженост на инвеститорите дека наскоро би можело да дојде и до забрзан раст на каматните стапки. Освен Дау Џонс, индексот сочинет од 30 водечки американски индустриски компании, силен пад е забележан и кај технолошкиот Nasdak и S&P 500, кои паднале повеќе од 3 посто.
Она што дополнително е загрижувачки е дека ваквите силни падови сепостигнати со промет поголем за 50 посто од просечниот.
„Кога би морала да изберам помеѓу вложувања во обврзници и акции со очекуван раст на каматните стапки, обврзниците не би ми изгледале атрактивни“, изјавила помошничката на директорот за инвестиции во компанијата PAAMCO Александра Купе.
