Економија, финансии, бизнис

Контакт

Волфер со позитивни критики за Македонија, поддршката за прогрес расте

Волфер со позитивни критики за Македонија, поддршката за прогрес расте

Австрија со позитивни критики за Македонија, поддршката расте.

Австрија силно ја поддржува Македонија на евроинтеграцискиот пат, како и другите земји во регионот, во интерес на просперитет и стабилност на целиот регион, порачаа денеска австриските дипломати на средбата со премиерот Зоран Заев.

Според раководителот на Секторот за Западен Балкан во Австриското министерство за Европа, Клаус Волфер во земјава се чувствува позитивна клима.

Како што соопшти владината прес-служба, Волфер му честиташе на премиерот Заев за реформските промени во однос на предизвиците со кои се соочуваше Македонија само пред неполна година.

Премиерот Заев рече дека за Македонија посочи дека е од големо значење поддршката што ја добива Македонија.

- Ги правиме сите потребни реформи, во правосудството, јавната администрација, тајните служби, медиумите, вклучувајќи ги сите засегнати страни и опозицијата. Градиме пријателства во соседството. По договорот со Република Бугарија, пристапивме и во процес на градење доверба и поактивен дијалог со Република Грција. Нашите очекувања се овие напори да бидат вреднувани и нашата држава на пролет да добие чиста препорака од ЕУ, а за време на австриското претседателство и датум за почеток на преговорите со ЕУ - рече Заев.

На средбата е изразена согласност дека Македонија, а и земјите од Западен Балкан треба да го искористат позитивниот момент, да работат на реформите и да ги решат билатералните прашања за да станат дел од ЕУ. 


Слично

Поврзани вести