Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вол Стрит“ ги охрабри инвеститорите

„Вол Стрит“ ги охрабри инвеститорите
Цената на акциите на европските берзи утрово се зголеми  бидејќи инвеститорите беа охрабрени од растот на Вол Стрит и азиските пазари, каде што макроекономските резултати беа подобри од очекуваните. Индексот на водечките европски акции „ФТСЕурофист 300“ , до 09.30 часот зајакна 0,6% или 1104 поени.  Лондонскиот ФТСЕ, Франкфуртскиот ДАХ и Парискиот ЦАЦ беа во плус помеѓу 0,5 и 0,7 проценти. Добрите квартални резултати од работењето на „Ситигруп“ го поттикна растот на цените на акциите на банките и тој сектор е најголемиот добитник утрово. На инвеститорите позитивно делуваше и фактот што беше забележан поголем раст во трговијата на мало во САД, што укажува на стабилизација на најголемата економија во светот. Денеска продолжува сезоната за објавување на кварталните резултати на компаниите како Голдман Сакс, ИБМ и Интел, кои би можеле значително да влијаат на пазарот. Утрово токиската берза Никеи забележа раст од 1,4 % или  8701 поени.
Слично

Поврзани вести