Вокер за името: Верувам дека има надеж и оти ќе видиме напредок
Поранешниот амбасадор на САД во НАТО и актуелен специјален пратеник на Обединетите нации за Укриана, Курт Вокер вели дека решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе доведе до голема стабилизација на Западен Балкан.
„Секако дека сакам да видам напредок во решавањето на спорот со името. Тоа ќе биде во интерес на двете земји. Верувам дека има надеж и оти ќе видиме напредок“ - вели Вокер во изјава за новинарите во Брисел, пренесува МИА.
Тој смета дека Балканот и натаму е мошне „нестабилен и непријателски“ регион, поради што мора да се решат сите отворени прашања.
Коментирајќи го односот на Москва, Вокер вели дека Русија нема да се помири со фактот дека Македонија ќе влезе во НАТО и дека ќе ја искористи секоја можност тоа да го оневозможи.
