Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВОЈВОДИ ОД ВМРО, НЕ ВИ ЛИЧАТ СЛУШАЛКИ ВО СОБРАНИЕ“: Се огласи и активистката Глигорова

„ВОЈВОДИ ОД ВМРО, НЕ ВИ ЛИЧАТ СЛУШАЛКИ ВО СОБРАНИЕ“: Се огласи и активистката Глигорова

Изборот на претседател на Собранието, Африм Гаши ја запали јавноста. Коментарите никако не стивнуваат.

Сега се огласи и активистката Ана Глигорова, која рече дека не е проблем што тој е Албанец или било која друга етничка припадност..

„Никаков проблем не е ако претседател на собрание, држава, влада е Албанец, Влав, Турчин, Србин, Ром, ..., по етничко потекло, или се чувствува како дел од таа заедница во својата традиција, културолошки, или смета дека генот е пресуден за прифаќање на сопствениот идентитет. Проблемот настанува на политичка маса,каде што наместо политика се бројат пари од незконските тендери, уцени, рекет, измами, грабеж во име на изборите и гласот на народот. Партиите кои произлегуваат од албанска нацистичка агенда, а за жал тие се репрезенти на албанските граѓани во Македонија, постојано бројат проценти на застапеност на Албанци, а забораваат дека Роми има сигурно 100 000, но тие вешто албанизираат каде што ќе стигнат. Бошњаци, Роми, Македонци муслимани, итн. Како политичари, албанските не се покажаа како промотори на науката, уметноста и културата, туку како нацисти, кои ја тераат агендата за федерализација на Македонија. Поткупените македонски политичари го прифатија нивниот modus operandi како криминално однесување и дозволија поткопување на сувереноста. Југославија беше федерација, но службен јазик беше српскохрватскиот, јазикот на мнозинството, па седниците на собранието тој беше во употреба, а не македонскиот, албанскиот или словенечкиот. Химната на државата беше Хеј Словени, во званична употреба, на пример на спортските олимпијади. светски првенства,натпревари, а не хрватската,српската или словенечката химна.

Македонскиот јазик е службен јазик во Македонија, јазик на мнозинството, плус не сме федерација туку суверена држава. Екстремно лошо е да се користи друг јазик во собранието и јавните институции,кој е суштински различен од македонскиот, албанскиот е од романската ггрупа на јазици, а денешниот е дијалект на Тоските. Луѓето не се разбираат во клиника, во институции, затоа што младите Албанци едвај зборуваат и читаат македонски, а камоли да пишуваат на кирилица.

Федерализацијата не се случи, затоа што на некои надворешни сили им требаше кобајаги суверена држава, но извор на дестабилизација преку кој ќеперат валкани пари, ќе си го чистат криминалот кој во своите матични држави не смеат, би завршиле долги години на робија. Албанскиот национализам треба да покрие се, да се заборави на незаконските продажби,, дилови, тендери, па и наоние кои се кобајаги интернационалистисо левичарска оријентација. Пред некој ден прашав еден тип,вљубен во Левица дали знае кој е Че Гевара. Поим немаше. Незаењето раѓа заблуда, магла во мозокот и омраза. Војводи од ВМРО не ви личат слушалки во собрание!“, напиша таа на фејсбук.



Слично

Поврзани вести