Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЈСКАТА НА ТЕРЕН - ќе им помага на Полицијата, општините и државните органи за спречување на ширење на вирусот

ВОЈСКАТА НА ТЕРЕН - ќе им помага на Полицијата, општините и државните органи за спречување на ширење на вирусот

Владата донела Уредба со законска сила за утврдување на задачи на Армијата за време на траењето на вонредната состојба, со која се утврдуваат нејзините задачи за поддршка на полициските сили на Министерството за внатрешни работи и за поддршка на општините, органите на државната управа или на други државни институции, за време на траењето на вонредната состојба, заради спречување на внесување, ширење и справување со коронавирусот.

Во Уредбата, меѓу другото, се вели дека Армијата формира и ангажира сили за поддршка на полициските сили на МВР и тоа за:

Обезбедување и надзор на граничната линија на државната граница со цел спречување на влез и излез на сите лица кои имаат намера да извршат нелегален премин на државната граница;

Контрола на влез и излез на патните правци кои водат кон населените места преку воспоставување на мобилни пунктови и контролни точки во реоните за ангажирање и

Физичко обезбедување на витални објекти кои се обезбедувани од Министерството за внатрешни работи.

Уредбата исто така определува дека Армијата формира и ангажира сили и за поддршка на единиците на локалната самоуправа, органите на државната управа или на други државни институции, со цел спречување на ширење на епидемијата и отстранување на последиците настанати од епидемијата за укажување на помош заради спасување на луѓето и материјалните добра.

Слично

Поврзани вести