Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војници од Тетово со прострелни рани итно пренесени во Скопје

Војници од Тетово со прострелни рани итно пренесени во Скопје

Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна се здобиле со прострелни рани најверојатно од невнимание, а поради тежината на повреди од болницата во Тетотов итно се префрлени во Скопје.  

По првичната интервенција двајцата повредени војници се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.

Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето.

Доктор Фатмир Салију од тетовската болница за МИА информира дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите и заради тоа се префрлени во скопските клиники.


Слично

Поврзани вести