ВОЕНИТЕ СКЛАДИШТА ВО ОВЧЕ ПОЛЕ БИЛЕ ПОД ЗАКАНА ОД ПОЖАР - Шекеринска вели дека припадниците на АРМ ги спасиле и сега се безбедни
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска соопшти дека за воените складишта во Овче Поле нема опасност, бидејќи припадниците на АРМ спречиле до нив да се приближи огнот од пожарот кој беснееше во тој реон.
Ова министеркатра го објави на својот официјален фејсбук профил.
„Нема опасност за воените складишта во Овче Поле. Припадниците на Армијата со инженериски машини и механизација спречија да се приближи огнот. Противпожарниот појас околу објектот што го имаат сите воени складови е проширен, противпожарната заштита е зајакната. Воените објекти се безбедни“, напиша на фејсбук министерката Шекеринска.
Слично
