ВОЕНИ РОКАДИ: Промени во генералскиот кор на АРМ
Рокади освен во владата ќе има и во генералскиот кор на Армијата на Република Македонија.
Военото водство се освежува поради заминување во пензија на дел од кадрите на Армијата.
Имено, вчера се случи примопредавање на должноста командант на ЗОК помеѓу новопоставениот бригаден генерал Павле Арсоски и досегашниот, генерал мајор Зоран Милески, кој ќе ја прими должноста директор на ГШ на АРМ од генерал мајор Димче Петровски.
Од кабинетот на шефот на државата велат дека промените во АРМ се редовен процес и активности кои следат поради пензионирање на дел од командниот кадар.
Примопредавања на должноста командант на Полкот за специјални операции се изврши помеѓу бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев и досегашниот командант бригаден генерал Орце Јордев, кој го замени генерал мајор Азим Нуредин на местото началник на штаб во Здружената оперативна команда (ЗОК). Генеалот Нуредин, пак, ја прими должноста заменик на Началникот на ГШ на АРМ од генерал мајор Мухамет Рацај.
Генеалот Нуредин, пак, ја прими должноста заменик на Началникот на ГШ на АРМ од генерал мајор Мухамет Рацај, јави МИА.
