Воена помош од Турција од 100 милиони лири за Македонија
Владата објави дека во текот на вчеашниот ден е објавен и усвоен извештајот за извршени преговори за потпишување на договор за воена финансиска соработка меѓу Турција и Македонија.
Станува збор за спроведување на финансиската поддршка во износ од 100 милиони турски лири пресметани во 11,5 американски долари.
„Финансиските средства се наменети за набавка на неопходни производи и услуги за воени цели (алоцираните ресурси ќе се искористат за набавка на опрема за Силите за специјални операции, набавка на возила и опрема за логистичките единици) од локални компании во Турција, пред сè компаниите од турската одбранбена индустрија за воени цели“, соопшти Владата.
Слично
